Постарата сестра на Селин Дион објави дека состојбата на пејачката, која страда од ретко невролошко пореметување познато како синдром на вкочанетост на мускулите, се влошила во последните неколку недели.
„Таа работи напорно, но нема контрола над своите мускули“, изјавила Клодет Дион за канадскиот „7 Jours“, пренесува „Independent“.
„Отсекогаш била толку дисциплинирана. Секогаш работеше напорно“, додала сестрата на пејачката.
Минатиот декември, Селин ја објави својата дијагноза и ја откажа планираната турнеја.
“Жал ми е што Ве изневерив. Не е фер што ги одложив настапите и иако ми го скрши срцето, најдобро е да откажам се’ додека не бидам подготвена да се вратам на сцената”, изјавила пејачката.
Сепак, Клодет не можеше да потврди дека Селин целосно ќе се врати на турнејата.
„Точно е дека нејзиниот сон и цел е да се врати на сцената, но не знам до кој степен“, рекла сестрата на пејачката и додала дека дури и научниците не знаат многу за овој синдром. И покрај тоа, вели тој, не губат надеж.