Се верија по 4 години љубов: Ловецот на недвижнини „ја улови“ оваа позната актерка

popara19 август, 20234min00
o_30080445_1280

Актерката Зои Дешанел, ѕвезда на хит серијата „New Girl“ и Џонатан Скот, познат како еден од браќата од серијата „Property Brothers“, се свршија по четири години врска. Актерката ја сподели среќната вест на својот Инстаграм со фотографија на која се гледа нејзиниот веренички дијамантски прстен. Заедно со фотографијата таа кратко напиша „Засекогаш почнува сега“.

Двојката ја прослави својата четврта годишнина пред нешто повеќе од една недела, а се вери на семејно патување во Шкотска, што многу значи за Џонатан. Иако е роден и израснат во Канада, неговиот татко има шкотско потекло и тоа наследство значело многу и за него и за неговиот брат близнак Дру, па обајцата носеа традиционални килтови на свадбата на Дру во 2018 година.

Зои и Џонатан се запознаа во 2019 година, кога заедно гостуваа во шоуто „Carpool Karaoke“ на Џејмс Корден. Потоа им се придружи и нивното семејство – братот близнак на Џонатан, Дру и сестрата на Зои, актерката Емили Дешанел, а четворицата толку добро се сложуваа што повторно се здружија по снимањето и уживаа во караоке во Лос Анџелес. Еден месец по снимањето на шоуто, тие беа фатени како се држат за раце и нивната романса беше разоткриена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zooey Deschanel (@zooeydeschanel)

И двајцата веќе имаат бракови зад себе – Зои беше во брак со Џејкоб Печеник, со кој ги има ќерката Елси и синот Чарли. Двајцата се разделија во 2019 година, а официјално се разведоа една година подоцна. Тој брак траеше четири години, една година подолго од нејзиниот прв брак со Бен Гибард, со кого се омажи во 2009 година, а се разведе во 2012 година.

Џонатан беше во брак со стјуардесата Келси Ули од 2007 до 2013 година, а пред врската со Зои беше со продуцентката Јасинта Кузњецов, со која се раздели во 2018 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma