Се вери Крис Џенер? Мајката Кардашијан покажа прстен вреден 1,2 милиони долари

popara18 февруари, 20231min00
o_28001863_1280

Крис Џенер доби подарок за Денот на вљубените кој „тежи“ повеќе од 1,2 милиони долари од нејзиното долгогодишно момче Кори Гембл. Мајката на познатите сестри Кардашијан на Инстаграм покажа огромен дијамантски прстен во форма на срце и почна да се шират гласини дека се согласила својата деветгодишна врска да ја круниса со брак.

Фотографијата се појави на нејзиниот профил без придружен опис и ги остави фановите на кланот Кардашијан со прашања над нивните глави. „Дали Крис е свршена?“

image

Сепак, „Мамаџерката“, како што ја нарекуваат ќерките, засега не ги коментира шпекулациите. Уште минатата година се шушкаше дека таа тајно се омажила за својот избраник, а во тоа се посомневала дури и Клои Кардашијан откако нејзината мајка се појавила со впечатлив прстен. „Слушнав од многу луѓе дека си се омажила тајно“, ѝ кажала во една од епизодите на нивното шоу, но Крис се насмеала и негирала се.

„Дали навистина мислиш дека би се омажила без голема забава? Не, Клое, не сум тајно мажена. Се колнам во Бога, на сите мои деца и на татко ми“, рече таа тогаш.

image

Потсетуваме дека Крис зад себе има два брака. Таа се раздели од адвокатот Роберт Кардашијан по 12 години брак во 1991 година, а само еден месец подоцна се омажи за олимписката ѕвезда Брус (Кејтлин) Џенер. Тие раскинаа 22 години подоцна поради „непомирливи разлики“, а Крис подоцна истакна дека тоа што Брус е всушност трансродова жена не влијае на тоа, бидејќи знаела дека зема хормони уште од 80-тите.

Таа се заљубила во менаџерот за таленти Кори, 25 години помлад од неа, во 2014 година, откако се запознале на забавата на Рикардо Тиши на Ибица. Двојката живее заедно во луксузна палата во Калабасас и се првите соседи на нејзината ќерка Клои. Крис претходно сподели дека Кори е многу грижлив и заштитнички настроен, како го води нивното домаќинство и како е еден вид „шеф за безбедност“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma