Поранешната сопруга на Илон Маск, Талула Рајли се сврши со својот долгогодишен партнер, актерот Томас Броди-Сангстер, кој го паметиме како момчето Сем од филмот „Love Actually“.
Како што пишува Дејли Мејл, поранешната сопруга на милијардерот, која двапати се омажи за него, наскоро повторно ќе се впушти во брачните води.
А она што е особено интересно е дека веста на Талула дека се верила била објавена на Твитер, компанија во сопственост на Маск.
Very happy to share that after two years of dating, Thomas Brodie Sangster and I are engaged! pic.twitter.com/NipyXtsDV0
— Talulah Riley (@TalulahRiley) July 27, 2023
– Многу сме среќни што можеме да споделиме со вас дека по две години врска, Томас Броди Сангстер и јас се веривме – напиша таа под заедничката фотографија.
Талула двапати се омажи за инвеститорот и милијардерот. Првиот пат тоа го направија во 2010 година, а се разведоа во 2012 година, а повторно се венчаа во 2013 година и се разведоа во 2016 година.
Таа го запознала Томас на снимањето на филмот за „Sex Pistols“ во кој и двајцата глумат, а врската ја започнале пред две години, но на почетокот тоа го криеле од јавноста.