Легендарниот актер Хју Грант во текот на гостувањето во емисијата „The Late Late Show With James Corden“ открил кој филм би сакал никогаш да не го снимел.
Во емисијата покрај него гостувал и актерот Крис Пејн. Тие учествувале во забавна игра. Во еден момент Грант добил задача да изеде пита од црви и мајонез или да наведе кој филм би сакал да го избрише од својата IMBD страница.
„Можам да кажам дека сум лош, но не можам да ги омаловажувам останатите прекрасни колеги кои работеа со мене на многу филмови. Во дилема сум…“, изјавил актерот.
Крис и Џејмс сепак успеале да го наговорат да каже кој филм не му се допаѓа. Станува збор за „The Lady and the Highwayman“ од 1988 година во којшто тој ја толкува улогата на лордот Луциус.
„Требаше да изгледам сексапилно. Меѓутоа, филмот беше нискобуџетен. Изгледав катастрофално. Лоша перика, лош шешир. Им се извинувам на сите прекрасни колеги кои можеби сега ги навредив“, навел Хју Грант.