СЕ ОГЛАСИ МАДОНА Беше на работ на смртта, еве што порача

popara11 јули, 20231min00
Screenshot_10

Поп-пејачката Мадона денеска проговори за прв пат откако неодамна беше хоспитализирана поради сериозна бактериска инфекција, велејќи дека е „на пат кон закрепнување“.

 

 

„Ви благодарам за позитивната енергија. Ја почувствував вашата љубов. На пат сум кон закрепнување и благодарна сум за сите благослови во мојот живот“, изјавила Мадона на социјалните мрежи.

 

Таа додала дека првото нешто на што помислила кога се разбудила во болница се нејзините деца.

 

„Втората мисла беше дека не сакав да разочарам никого кој купил билет за мојата турнеја. Исто така, не сакав да ги разочарам луѓето кои неуморно работеа со мене последните месеци. Мразам да разочарувам некого“, напиша поп пејачката.

 

Таа нагласи дека сега нејзиниот фокус е на здравјето и зајакнувањето.

 

„Ве уверувам, ќе се вратам што е можно поскоро. Сегашниот план е да се одложи турнејата во Северна Америка и да започне во октомври во Европа. Благодарна сум за грижата и поддршката“, изјавила Мадона.

 

Пејачката беше итно пренесена во болница во јуни, откако беше пронајдена во несвест, а потоа интубиирана на интензивна нега најмалку една ноќ пред да биде извадена цевката.

 

Светската турнеја на Мадона од 84 датуми требаше да започне на 15 јули во Роџерс Арената во Ванкувер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma