Семејството на Халина Хачинс, која го загуби животот на снимањето на филмот „Rust“, ги поддржа обвинувањата против актерот Алек Болдвин.
Адвокатот на семејството на Халина истакна дека пред се, сите членови се благодарни за темелната истрага на надлежните, кои утврдиле дека постои основ и очајна потреба од вакви, секако сериозни обвинувања:
– И нашата приватна истрага дојде до истиот заклучок. Утеха наоѓаме во тоа што овде навистина никој не е над законот. Ние ги поддржуваме обвинувањата и максимално ќе соработуваме со обвинителството кое го штити овој народ и се залага секој што има потреба да добие соодветна казна – посочи тој.
Адвокатот на познатиот актер исто така објави:
– Тоа е голема грешка на правдата. Мојот клиент немаше причина да верува дека имало вистински куршум во пиштолот или на кое било друго место на филмскиот сет. Тој се потпре на зборот на професионалците, кои го уверија дека се е под контрола – рече тој и додаде:
– Ќе се бориме против овие обвинувања и ќе победиме – рече тој.
За потсетување, актерот моментално се соочува со истите обвиненија како Хана Гутиерез-Рид (која била задолжена за оружјето на сетот), а тоа е убиство од небрежност. И двајцата ќе одговараат по две точки од споменатото кривично дело, а пријавата официјално ќе биде поднесена до крајот на месецов, пренесува „People“.