Се огласи таткото на девојката која почина на концерт на Тејлор Свифт: „Замина од дома да го оствари својот сон…“

popara20 ноември, 20231min00
profimedia-0627754803-830x0

Трагедијата што се случи на концертот на Тејлор Свифт во Бразил, кога почина девојката по име Ана Беневидес, ја тресе светската јавност. Сега се огласи и таткото на несреќното девојче, кој е очаен.

Во петокот непосредно пред концертот на популарната пејачка се случи несреќа. Поради високите горештини починал еден од посетителите на настапот.

Најпрво се пишуваше дека трагедијата се случила за време на настапот, но музичката ѕвезда подоцна изјавила дека се се случило пред таа да стапне на сцената.

Таткото на младата Ана сега проговори за бразилските медиуми.

– Ја изгубив единствената ќерка, среќна и интелигентна девојка. Следниот април требаше да дипломира психологија, штедеше пари за тоа. Немам зборови да ја изразам мојата болка. Таа го напушти домот за да го оствари својот сон и умре, изјави таткото за бразилскиот весник Folha de S. Paulo (преку Hindustan Times).

Бара да се истражат околностите под кои таа починала:

-Сакам да утврдам дали навистина било забрането да се носи вода, дали имало невнимание при пружањето помош.

Имаше тврдења дека Тејлор Свифт му рекла на обезбедувањето да ѝ дава вода на публиката на влезот на стадионот каде се одржува концертот, а се појавија и снимки на кои се гледа како пејачката фрла шишиња со вода по обожавателите. Таа постојано го прекинуваше настапот и бараше вода за насобраните фанови.

Како што пишува Фолха де С.Пауо, Ана Беневидес се онесвестила, реанимација била извршена на стадионот и траела 40 минути, доживеала втор срцев удар на пат кон болница. Починала набргу откако била хоспитализирана. Тој ден во Рио де Жанеиро било 38 степени, но субјективното чувство било како живата во термометарот да е над оваа бројка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag