Откако се појавија гласини дека Џони Деп и Џена Ортега се во врска, се огласи ѕвездата од серијата „Wednesday“.
Имено, таа истакна дека најчесто се смее кога од медиумите дознава нешто „ново“ за себе, но дека овојпат тоа не е ни смешно.
– Никогаш не сум се сретнала и не сум работела со Џони. Ве молам престанете да ширите лаги и оставете не на мира – порача таа.
Гласините започнаа во моментот кога на познатата интернет страница за озборувања „Deuxmoi“ беше објавено дека се видени заедно.
Актерот не ги коментираше овие гласини.