Содржи многу хранливи материи, а во мали количини носи бројни придобивки за организмот.
Сувото грозје го зголемува нивото на енергија, го намалува ризикот од срцеви заболувања и го регулира варењето. Најдобро е да го јадете наутро на празен стомак бидејќи содржи големо количество шеќер, а нутриционистите советуваат дека најдоброто дејство на сувото грозје е кога е натопено во вода.
За напитокот кој го чисти организмот од токсини потребни ви се 450 милилитри вода и 200 грама суво грозје.
- Загрејте ја водата до вриење. Додадете го сувото грозје и оставете да се вари 20 минути. Оставете да отстои преку ноќ.
- Наутро процедете ја водата и повторно загрејте ја. Важно е овој напиток да се пие на празен стомак, веднаш по будењето.
- Конзумирајте го пет дена по ред, па направете пауза и повторете ја постапката. Овој напиток е идеален и за оние кои сакаат да ослабат бидејќи го забрзува метаболизмот.