Познатиот актер Ал Пачино доби четврто дете со неговата девојка Нур Алфал, која е 54 години помлада од него. Веста дека се породила ја потврдила Нур, но не сакала да го открие полот на детето.
Оваа 29-годишничка го родила своето прво дете, додека 83-годишниот актер веќе има наследници од претходните бракови.
Веста за нејзината бременост го шокираше светот, пред се поради големата разлика во годините, но и поради различните шпекулации кои ја следеа нивната врска.
Сепак, извори од странските медиуми потврдуваат дека и двајцата се пресреќни и возбудени поради раѓањето на наследникот.
Тие двајца првпат беа видени заедно во април минатата година, а Нур зад себе има врски со многу постари мажи. Пред Ал Пачино, таа го љубеше Клинт Иствуд како и Мик Џегер.
„Годините не ми беа важни. Срцето не знае што гледа, знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и беше среќен период за мене“, изјави таа еднаш за „Hello“ за врската со Џегер.