Заштитничка на необичните чизми е Парис Хилтон која со тоа се фали на Инстаграм
Знаете дека крокџ папучите се прогласени за најгрди папучи на светот. Овој модел на чевли „порасна“ и се претвори во чизми кои го освојуваат светот на познатите. Ги носат Парис Хилтон, Викторија Бекам и Малума. Џиновски чизми кои прават да изгледате како да сте излегле од стрип, ќе се појават на пазарот на 9-ти август. Тие чинат 450 долари или 408 евра. И како и секој тренд, особено модерен тренд, брзо пушта корени, без разлика за каков моден новитет се работи.
Заштитничка на необичните чизми е Парис Хилтон која со тоа се пофали на Инстаграм. Таа вели и дека ова е нејзината верзија на Барби трендот, но многу повеќе наликува на Ума Турман од филмот „Kill Bill“.
„Бевме многу возбудени што работиме со Париз. Таа е таква икона, а носењето на нашите иконски чевли за Крокс и за Париз беше толку неверојатно“, изјави за „The Post“ ко-основачот на „MSCHF“, Даниел Гринберг.