Иако денес благодарение на нејзиното име, како и деловната империја што ја создаваше низ годините, заработува милиони, не било секогаш така. Во 1985 година, Опра Винфри доби улога во новиот филм на Стивен Спилберг „The Color Purple“, кој никого не остави рамнодушен, а за нејзината изведба доби 35.000 долари.
Како што тврди таа денес, тоа биле најдобрите пари што ги заработила, а тоа искуство целосно ѝ го променило животот. Улогата на Софија на сите им остана врежана во сеќавањето, исто како и маестралната изведба на легендарната Опра, која сега реши делото на Алис Вокер да го претвори во мјузикл.
Во преговорите во мај годинава се беше подготвено, но тогаш дојде до штрајк во Холивуд, кој пролонгираше се. Сега, целата актерска екипа, вклучувајќи ги Даниел Брукс, Тараџи П. Хенсон, Фанација Барино и Опра, седнаа на „тркалезна маса“ за да ѝ откријат на јавноста детали од мјузиклот.
За време на интервјуто, Брукс ѝ се заблагодари на Опра, бидејќи нејзиниот лик Софија од 1985 година ја инспирирал и самата да зачекори во истата улога. Таа призна дека има доволно простор да направи сопствена верзија во ликот, но и дека, кога ѝ требало, секогаш ја прашувала Опра за совет.
Самата Опра Винфри се заблагодари на целата екипа, а потоа ја сподели својата лична среќа и благодарност што беше во филмот пред речиси 40 години.
– Не можам ни да ви опишам што значи сето ова за мене – за личност која не сакаше ништо повеќе во животот освен да глуми во „The Color Purple“. Бог ме научи да се предадам, а тоа беше голема лекција за мене. Ми понудија само 35.000 долари за мојата улога во филмот, и на крајот тоа беа најдобрите 35.000 долари што некогаш сум ги направила. Тоа искуство промени сè и ме научи многу. Чувствувам дека Бог е тој што се движи низ мојот живот, јасна беше Опра Винфри, која потоа објасни како работата на овој мјузикл и враќањето во минатото имало посебно значење за неа.