Во 2007 година Бритни Спирс постојано беше на радарот на папараците, а нејзиниот црн Мерцедес стана еден од најпрепознатливите и најфотографираните автомобили. Иако не е во сопственост на пејачката од 2011 година и се наоѓа во музеј, сепак е познат како „автомобилот на Бритни“ и сега за мала цена од неколку десетици илјади долари бара нов сопственик.
Ретко кој таа година успеа да ги пропушти папарацо фотографиите на кои Бритни се наоѓа во разни држави, а ниту една не беше добра. Иако пејачката го остави тој дел од животот зад себе, едно од спомените од таа ера остана и се наоѓа во автомобилскиот музеј на Волво во државата Илиноис. Станува збор за Mercedes-Benz CLK350 од 2006 година, кој пејачката во тоа време редовно го возела и со тоа станал еден од најфотографираните автомобили на познати личности во историјата. Како што пишува TMZ, сега полираниот кабриолет, кој се наоѓа зад заштитна ограда, некогаш бил познат како „најопасното“ возило на улиците на Лос Анџелес токму поради Бритни, која тогаш не минувала низ добра животна фаза. Така таа во неколку наврати беше фатена како поминува на црвено додека бега од папараците, а со овој автомобил имаше и неславна сообраќајна несреќа од која на крајот побегна од местото на настанот.
Во последните 12 години, овој иконски Мерцедес можеше да се види во живо бидејќи е дел од постојаната изложба на музејот за автомобили на Волво, а сега некој среќник ќе може да го вози. Секако, ако за тоа е спремен да одвои вртоглави 70 илјади долари, колку што е бараната цена, и ако не му пречат бројните помали сообраќајни несреќи и прекршоци кои пејачката ги направила со него. Но, освен тоа, овој Мерцедес е познат и по ситуацијата во која Бритни беше фатена како му ја менува пелената на синот застаната покрај патот, како и моментот кога папараците ја фатија како излегува од него без долна облека. Иако овој автомобил сигурно не ја потсетува пејачката на нејзините среќни денови, тој е дел од модерната историја кој, се чини, доаѓа со висока цена, а веројатно и некој кој е подготвен да одвои за неа.