Мили Боби Браун (19) се вери со синот на Џон Бон Џови, Џејк (20)
Актерката најпозната по главната улога во серијата „Stranger Things“ ја откри убавата вест на социјалната мрежа Инстаграм.
Двојката е во врска две години, а иако се многу млади, решиле да ја подигнат врската на повисоко ниво, па Џејк ја запросил убавата Мили.
Миленичката на тинејџерите ширум светот сподели фотографија на која е во прегратките на своето момче, а во преден план е нејзиниот веренички прстен.
– Те сакам веќе три лета, душо, ги сакам сите – напишала Мили во описот.