Се сеќавате на жената со гулабите од филмот „Сам дома“? Се бореше со депресија, а вака изгледа сега (ФОТО)

popara3 јануари, 20231min00
a4b64091552175d8a6c1b9a1e603391fae8f1efd

Новогодишните и божиќните празници не можат да поминат без култниот филм, „Сам дома“. Иако беше прикажан на филмското платно пред повеќе од три децении, во него се ужива и денес

Сигурно се сеќавате на жената која има кратка, но многу забележлива улога. Кевин ја запознава во Њујоршкиот Централ парк додека таа ги храни гулабите. Потоа, ако се сеќавате, таа му раскажа една тажна приказна за нејзиниот живот, за тоа како живее сама и далеку од другите откако нејзиниот сопруг ја оставил.

Таа стара дама со гулабите ја игра ирската актерка Бренда Фрикер. Пред да стане актерка, Бренда работела како новинарка, а како што еднаш кажала, во светот на актерството дошла сосема случајно. Таа неодамна почнала да пишува мемоари и во едно интервју открила детали за нејзиниот приватен живот, кој не бил нималку едноставен, исто како и животот на ликот од филмот „Сам дома“.

Таа минувала низ период на тешка депресија и раскажала како нејзината мајка често физички ја малтретирала, пишува „Sunday Independent“. Немала многу среќа и во бракот со режисерот Бери Дејвис, од кого се разделила поради неговите проблеми со алкохолот.

Во 1990 година го освои Оскарот во категоријата најдобра споредна женска улога за филмот „My Left Foot“. Одигра многубројни улоги во филмови и серии, но најмногу ја паметиме по малата, но значајна улога во филмот „Сам дома“, бидејќи ја одигра на толку искрен начин.

– “Сам дома 2” беше најголемиот буџетски филм на кој сум работела. Беше апсолутно прекрасен – изјави Бренда претходно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag