Сите знаеја дека опоравувањето по тешката повреда ќе биде долго, напорно и неизвесно, но дури сега Џереми Ренер ги открива деталите од тој процес кој се уште трае. Откако на 1 јануари паднал под сопствениот плуг за снег за да го спаси својот внук, актерот итно бил пренесен во болница каде цел тим специјалисти се бореле за неговиот живот. Бројните операции и неизвесноста, па дури и неговиот сомнеж за позитивен исход не допреа до јавноста. Сега Ренер откри дека ги напишал своите „последни зборови“ додека бил во критична состојба. Тој ги наменил за своето семејство.
Џереми вели дека пишувал пораки на својот мобилен телефон кои требало да бидат неговите последни зборови до неговото семејство. „Пишувам белешки во мојот мобилен телефон – последните зборови до моето семејство“, изјави актерот во интервју за Дајан Соер. Станува збор за исечок од подолг разговор што го воделе познатиот американски новинар и актер, а во целост ќе биде емитуван дури подоцна.
.@ABC EXCLUSIVE: First look at @DianeSawyer’s interview with @JeremyRenner, as the actor opens up for the first time about his near-fatal snowplow accident.
Watch Thursday, April 6, on ABC and the next day on @Hulu. https://t.co/3T71flHNnD pic.twitter.com/VDD6ceY5yA
— Good Morning America (@GMA) April 5, 2023
Ренер исто така признал дека бил убеден дека ќе умрел тој ден доколку неговиот внук не бил таму. „Да бев таму сам, тоа ќе беше ужасен начин да умрам“, вели Ренер во клипот што се емитуваше на „Good Morning America“.
Во снимката може да се слушне досега необјавен повик на 911, во кој повикувачот моли за воздушен транспорт бидејќи 52-годишниот Ренер бил во очигледно „сериозна состојба“. „Некој е надвор од мојата куќа на земја и го прегази плуг, го згмечи. Испратете брза помош, медицински лица… Слушајте ме. Ми требате, можеби треба да испратите хеликоптер веднаш. Тој е во тешка состојба. “, вели повикувачот.
Актерот рекол дека би се согласил повторно да го прегази плуг, за да му го спаси животот на внукот. “Избрав да преживеам, нема да ме убијат, нема шанси. За време на ова искуство изгубив многу месо и коски, но повторно ме вратија и ме исполнија со љубов и титаниум”, изјавил Ренер. Целосното интервју ќе се емитува во четврток на 6 април.