Ако во летните денови не ви се стои со часови покрај шпоретот, немате желба да печете кори за торта, а сакате да го израдувате семејството со нешто слатко, имате ненајавени гости или би сакале да се почестите со слатко уживање, оваа торта има само неколку состојки и е многу вкусна.
Економична е и пред се брза за правење, па ќе ви требаат само неколку минути за да ја подготвите, а потоа единствено што треба да направите е да почекате да се испече.
Состојки:
400 гр грчки јогурт
4 јајца
100 гр шеќер
50 g густин
една лажичка прашок за пециво
рендана кора од лимон
Подготовка:
Вклучете ја рерната на 170 степени. Во два сада одвојте ги жолчките од белките.
Изматете ги жолчките и шеќерот, потоа додадете грчки јогурт и сè добро измешајте.
Потоа додадете го згуснувачот, прашокот за пециво и ренданата кора од лимон и сè убаво измешајте.
Изматете ја белката во снег и префрлете ја во кремот. Нежно мешајте додека смесата не се соедини.
На дното на калапот за торта ставете хартија за печење. Истурете ја смесата во калапот и ставете ја во рерна да се пече приближно 45-50 минути.
Оставете го колачот да се излади пред да го извадите од рерна.
Посипете со шеќер во прав или декорирајте со шлаг, свежо овошје, кокос, листови бадем…