СЕ ТОПАТ ВО УСТА! Еве како да ги направите најдобрите пилешки нагетси со само неколку состојки!

popara23 април, 20231min00
690636_piletina_f

За ова одлично јадење ќе бидат доволни малку брашно, лук во прав, пилешко филе и уште неколку состојки.

Доколку сте љубители на крцкаво пилешко, овие нагетси се вистинската работа за вас.

Состојки:

половина чаша брашно

една лажичка лук во прав

800 гр пилешко филе

шолја презла

две јајца

сол, бибер, масло

Подготовка:

Измешајте го брашното со лукот во прав и лажичка сол. Исечете го пилешкото на парчиња со големина на залак и извалкајте ги во брашното. Јајцата изматете ги со лажица вода, потопете го месото, па исвалкајте го во презлата. Пржете на врело масло додека нагетсите не поруменат од сите страни.

Пријатно!