Се топат во уста поради тајната состојка: Сочни ванилици кои не се распаѓаат и остануваат свежи со денови (РЕЦЕПТ)

popara6 октомври, 20231min00
Ванилици

Овие старински мали колачи се задолжителни на трпезата на прославите и секогаш се добредојдено слатко со попладневно кафе.Дали знаете кој е најлесниот начин да ги направите?

Ванилиците се незаменливо слатко на секоја трпеза во нашите простори и припаѓаат на испробаните колачиња од бабината книга – едноставно нема грешка со нив!

Слатки,лесни за подготовка и многу украсни,колачињата од ванила се десерт кој секој може да го направи.Постојат многу верзии на рецептот, а ако користите маст наместо маргарин, како што се правеше во минатото, добивате вкусни мали колачи кои можат да се јадат со денови.Постојат многу верзии на рецептот,а ако користите маст наместо маргарин,како што се правеше во минатото, добивате вкусни мали колачи кои можат да се јадат со денови.

Состојки:

-500 грама брашно
-200 грама свинска маст
-1 јајце + 1 жолчка
-5 лажици шеќер
-2 кесички ванилин шеќер
-сок од еден лимон

-џем по вкус
-(по избор) шеќер во прав

Подготовка

Свинската маст се става во сад,па се мати со миксер да стане пенеста,со додавање на едно цело јајце,шеќер,ванилин шеќер, сок од лимон и една жолчка.
Потоа истурете го брашното и почнете да месите со рака.
На набрашнета површина расукајте го тестото со сукало, па со тркалезен калап или чаша за ракија извадете тркалца и наредете ги на плех обложен со хартија за печење.
Печете ги во рерна загреана на 180 степени околу 15-20 минути,но внимавајте да останат бели,односно само да почнат да заруменуваат.
Потоа извадете ги,премачкајте го бисквитот со џем по вкус, па покријте го со друг бисквит и така додека не го потрошите материјалот.
По желба можете да ги валкате во шеќер во прав,но не е задолжително.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag