„СЕ ЧУВСТВУВАВ ЗАРОБЕНО “ Ѕвездата од Хари Потер се откажа од глумата, па откри шокантни детали: Не сакам да бидам ничиј робот!

popara4 мај, 20231min00
Screenshot_4

Ема Вотсон откри зошто се повлече од актерството.

 

 

 

33-годишната актерка, која се прослави како дете глумејќи ја Хермиона Гренџер во филмската франшиза за Хари Потер, последен пат глумеше во „ Малите жени“, кој беше објавен пред четири години.

 

„Искрено, не бев среќна. Се чувствував заробено. Ми беше многу тешко да морам да зборувам и да продадам нешто над кое навистина немав контрола. Секој новинар прашува: „Дали ова се согласува со вашите ставови?“. Беше фрустрирачки затоа што немав право на глас“, опиша таа во интервју за „FT“.

 

„Почнав да сфаќам дека само сакам да правам работи за кои, ако некој ме обвини, би можела да кажам: „Да, се зафркнав, тоа беше моја одлука, требаше да го направам подобро“. Едноставно не сакам повеќе да бидам нечиј робот“, додаде Вотсон.

 

Актерката неодамна откри дека сите сакале да бидат на снимање за да го видат нејзиниот бакнеж со актерот Руперт Гринт во Хари Потер и реликвиите на смртта, и призна дека тоа бил нејзиниот најсрамен момент за време на снимањето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma