„Се чувствувам лошо заради Оливија“: Манекенката за прв пат искрено за бакнежот со најпосакуваниот маж на светот

popara23 април, 20231min00
358925_emiliratajkovskiprofimedia0755593412_ff

Моделот Емили Ратајковски го прекина молкот за видеото кое го обиколи светот, а на кое може да се види како разменува страсни бакнежи со пејачот Хари Стајлс.

Имено, пред еден месец во јавноста се појави видео од Токио на кое се прикажани манекенка и пејачот, а Емили Ратајковски отворено го коментираше ова видео за шпанскиот Вог, признавајќи дека е „бизарно“ кога приватните моменти стануваат насловна вест.

– Многу е бизарно што цел свет знае за некои мои лични искуства и тоа се коментира – изјавила манекенката.

– Не очекував дека ќе се случи ова, но мислам дека, генерално, ова е причината поради која одредени познати личности кои живеат во Лос Анџелес ангажираат обезбедување и не одат во ресторани – додаде таа.

– Јас сум само човек кој од тригодишна врска премина во четиригодишна врска (со бившиот сопруг) Така што, ова е прв пат после долго време да се забавувам. Јавноста е заинтересирана за вакво нешто, што ми е многу чудно. Не дека сум изненадена, но тоа е само мал дел од мојот живот. Упадот во приватниот живот ми е многу тежок – изјавила таа.

Во оваа прилика, Емили зборуваше за гласината дека целата ситуација предизвикала кавга со Оливија Вајлд, поранешната девојка на Хари Стајлс.

– Да, така беше, за жал многу несреќна ситуација – рече таа.

Да потсетиме дека Емили и Оливија беа видени заедно на забавата на „Vanity Fair“ по доделувањето на Оскарите само две недели пред овој бакнеж, а минатата година заедно се дружеа на концертите на Хари.

– Жал ми е за Оливија, бидејќи таа во неколку наврати мораше да ја издржи оваа ситуација – додаде таа.

Да потсетиме, неколку недели пред видеото од неа и Хари Стајлс да се појави во јавноста, Емили Ратајковски се појави на подкастот и рече:

-Почнав да излегувам со некој што ми се допаѓа, така што е поинаку. Тој е прекрасен –

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma