Не чекајте состојбата да се влоши, туку веднаш побарајте лекарска помош.
Кога бубрезите се компромитирани, може да се појават овие симптоми. Ако забележите повеќе од еден симптом, би било добра идеја да посетите лекар.
Висок крвен притисок
Високиот крвен притисок предизвикан од лошото функционирање на овие органи може да укажува и на бубрежна болест.
Оток
Веројатно веќе го знаете ова, но кога бубрезите не работат добро, вишокот на вода се задржува во телото, што доведува до отекување на рацете и нозете, особено на зглобовите.
Промени во мокрењето
Зборувајќи за задржување на вишокот вода, важно е да го знаете и ова. Урината се произведува во бубрезите со цел да се елиминираат токсините од телото. Ако имате потешкотии со мокрењето, значително повеќе или поретко уринирате, поради тоа често станувате навечер, се појавува крв или пена во урината… веднаш одете на лекар!
Сува кожа
Иако можеби помислувате на дерматолошки проблем, знајте дека сувата кожа може да биде сигнал дека бубрезите не работат добро. Ако бубрезите не функционираат нормално, тие не можат да ги исчистат токсините од крвта, а тоа може да предизвика осип на кожата.
Губење на здивот
Донекаде е нормално да останете без здив и отежнато да дишете кога вежбате, но ако тоа ви се случи по кратка прошетка или дури и кога сте во мирување, нека биде аларм да посетите лекар. Имено, вишокот вода што се задржува во телото кога бубрезите не функционираат правилно оди во белите дробови и го отежнува дишењето.
Губење на вкус
Бубрежните болести може да предизвикаат вашата храна да има метален вкус, а токсините што бубрезите не ги исфрлаат исто така ќе предизвикаат лош здив.
Мачнини и повраќање
Како што рековме, кога бубрезите работат правилно, тие ги исфрлаат токсините од телото. Од друга страна, кога тие не работат добро, во телото се акумулираат токсини, кои можат да предизвикаат гадење и повраќање. Значи, ако често чувствувате гадење и имате необјаснив нагон за повраќање, проверете го здравјето на бубрезите.
И за крај, не чекајте нешто да ве „заболи“ за да отидете на лекар, туку ако се сомневате дека имате проблем врз основа на овие симптоми, веднаш прегледајте се. Имајте на ум дека колку порано се открие болеста, толку се поголеми шансите за намалување на последиците.