Дваесет и шест годишната Сидни Свини ги воодушеви гледачите на малите екрани ширум светот кога пред неколку години ја играше улогата на Кеси во култната серија „Еуфорија“. Руса коса, сини очи, порцелански тен и тело на божица, неодоливо личеше на поранешната холивудска дива Мерлин Монро.
Актерските способности кои ги покажа во втората сезона на серијата и донесоа дури две номинации за престижната Еми награда.
Ѕвездата во подем, фаталната русокоса, се појави синоќа на премиера во Лос Анџелес и на сите им го одзеде здивот.
Тесниот, црн кожен корсет-фустан ги истакна нејзините облини, а дијамантските обетки ѝ дадоа на оваа комбинација белег на гламур.
Што се однесува до чевлите, Синди се одлучи за класични црни чевли и на тој начин постигна потполно минимален, а сепак бомбастичен изглед.
Косата и беше совршено стилизирана, а шминката на лицето во пастелни бои – оние кои најмногу и одговараат на нејзиниот тен.