Симптомите на ракот на јајниците не е секогаш лесно да се забележат, а многу од нив може да се појават за време на оброците
Симптомите на болеста може да вклучуваат болки во грбот, но можеби ќе можете да забележите и некои знаци за време на оброците. Експертите од „Gynae Center“, приватна клиника во Лондон, наведуваат дека брзото чувство на ситост или губење на апетитот се предупредувачки знаци за рак на јајниците. Оваа надуеност може да се појави затоа што имате тумор кој ги турка другите органи во стомакот. Значи, ако се чувствувате како да не можете да го завршите оброкот, а не сте јаделе ништо тој ден, можеби ќе сакате да го посетите вашиот општ лекар.
Иако чувството на ситост е еден од симптомите, експертите од „Ovarian Cancer Action“ велат дека има уште девет знаци на кои треба да внимавате. Тие вклучуваат:
постојана стомачна болка
постојана надуеност
често мокрење
чошо варење
болка во грбот
промени во навиките на цревата
необјаснето губење на тежината
вагинално крварење во постменопауза
екстремен замор
Важно е да се напомене дека овие симптоми може да бидат и знак за други, помалку сериозни проблеми.
Ова може да вклучува состојби како што се синдром на нервозно дебело црево, цисти на јајниците и синдром на полицистични јајници. Само затоа што ги имате горенаведените симптоми, тоа не мора да значи дека имате рак на јајниците.
Меѓутоа, ако вашите симптоми се постојани, тешки, чести и невообичаени, треба да закажете состанок со вашиот општ лекар што е можно поскоро. Експертите за рак на јајниците сега велат дека е добра идеја да се води евиденција за сите симптоми што можеби ги имате. Ова ќе му помогне на вашиот општ лекар да одреди што ви треба и дали треба да ве упати на лекување.
Жените претходно зборуваа за нивните искуства со ракот на јајниците. Хана Лејн изјави дека изгледала бремено во деветтиот месец откако ракот и предизвикал екстремна надуеност. 39-годишната девојка рекла дека била во агонија, се мачела да се наведне, имала вртоглавица и се чувствувала ужасно пред да и биде поставена дијагнозата.
Друга жена, Хана Катон, раскажала како ја советувале да ослабне за да го излечи заморот, кога всушност имала рак на јајниците, пренесува „The Sun“.