Симптом на СРЦЕВ УДАР кој може да се јави ВО УСТАТА: Ако го почувствувате ова, задолжително посетете лекар

popara26 март, 20231min00
39258_shutterstock-1909661629_f

Срцевиот удар е предизвикан од ненадеен прекин на протокот на крв низ крвните садови на срцето кои го снабдуваат срцевиот мускул со крв, а симптомите кои укажуваат дека сте изложени на ризик од оваа опасна состојба варираат помеѓу мажите и жените.

Покрај затегнатоста во градите која е придружена со мачнина, има и некои помалку очигледни сигнали кои предупредуваат на опасност. Невообичаениот вкус во устата може да укаже на проблеми со кардиоваскуларниот систем и е еден од знаците за срцев удар.

Најочигледен знак за миокарден инфаркт е, се разбира, остра болка во градите. Д-р Марк Перлрот истакна дека симптомите на срцев удар може да вклучуваат киселини што предизвикуваат лош здив и метален вкус во устата.

Еден од знаците може да биде и стомачната „нервоза“. Исто така, знаците на срцев удар се: чувство на притисок во градниот кош што се јавува периодично, непријатност во горните екстремитети, отежнато дишење, летаргија, замор, вртоглавица.

Специјалисти на британската организација „British Heart Foundation“ ги советуваат пациентите да се обидат да се смират и да земат 300 милиграми аспирин пред пристигнувањето на итната помош.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma