Синдром на ноќно јадење: Ова е најлошото време од денот за грицкање

popara24 јули, 20231min00
Screenshot_5

Ако станувате во текот на ноќта и чувствувате глад, тоа може да се должи на неколку причини, вклучувајќи стрес и синдром на ноќно јадење, откриле експертите.

 

 

 

 

Нивото на глад, кое е делумно регулирано со деноноќниот ритам, генерално се зголемува во текот на денот. Највисоко е навечер и се намалува во текот на ноќта. Значи, ако станувате во глуво доба со чувство на глад, експертите велат дека вреди да се истражи.

 

Неврологот Кристен Л. Кнутсон, се согласи дека ова е „невообичаено“ затоа што нашите внатрешни биолошки часовници не очекуваат тогаш да јадеме. Ако понекогаш се будите гладни среде ноќ, тоа не треба да ве загрижува, но ако тоа се случува често, можеби треба да барате одговори. Експертите открија неколку причини:

 

Не јадете доволно во текот на денот

 

Ако не добиете доволно калории во текот на денот, може да се разбудите гладни среде ноќ. „Ако сте на диета или се ограничувате на кој било начин, како што е прескокнување оброци или премногу вежбање, можеби нема да добиете доволно калории“, рече диетичарката Алиса Рамзи.

 

Не спиете доволно

 

Нарушениот сон може да ги исфрли од рамнотежа хормоните што го регулираат апетитот – грелин и лептин, што може да доведе до глад и посегнување по храна богата со јаглени хидрати. „Претходните експериментални истражувања го поврзаа губењето на сонот со зголемениот апетит“, додаде Кнутсон.

 

Вие сте под стрес

 

Понекогаш физичкиот глад не е она што ве буди од сон, причината може да биде одговорот на вашето тело на стресен период во вашиот живот. Кога ќе се разбудите, може да се свртите кон храната за да се смирите. – Емоционалното јадење сигурно може да ги забави процесите на размислување. Ако вашето тело вари храна, може да ја смири вознемиреноста што ве спречува да заспиете. Ова е, за жал, многу ефикасен начин да ги заборавите тие мисли“, рече Кели Алисон, професор по психологија и директор на Центарот за тежина и исхрана на Универзитетот во Пенсилванија.

 

Имате синдром на ноќно јадење

 

Ако често се будите со чувство на глад, неколку пати неделно, тоа може да биде знак на нарушување наречено „синдром на ноќно јадење“. Луѓето со ова нарушување земаат значителен дел од своите дневни калории после вечера, бидејќи имаат малку желба за храна во текот на денот. Може да страдаат од нарушувања на расположението кои се влошуваат навечер, имаат проблеми со спиењето и веруваат дека треба да јадат нешто за повторно да заспијат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag