Сите ги фрламе, а многу се здрави: Овој дел од оревот е спас за крвните садови, ИМУНИТЕТОТ и артериите

popara28 април, 20231min00
2533_shutterstock-1017105073_f

Можеби нема ни да помислите на тоа, но мембраната што е во средината на плодот и ги дели половините од оревот е исклучително здрава.

Преградите од орев се богати со јод, кој е многу важен во борбата против вирусите. Исто така, јодот е многу корисен за крвните садови, како и за здравјето на тироидната жлезда. Бремените жени, родилките, канцелариските работници кои голем дел од времето го поминуваат пред компјутер, често имаат проблем со недостаток на јод.

Меѓутоа, доколку ги користите споменатите мембрани, во организмот ќе внесете одредена количина на јод. Следниот пат кога ќе чистите ореви, зачувајте ги лушпите и не фрлајте ги. Од овие мембрани можете да направите многу здрав чај.

Во тестовите се покажало дека чајот е многу корисен за кардиоваскуларниот систем. Се покажа како ефикасен во чистење на артериите и намалување на телесната температура.

Имајќи предвид дека затнувањето на срцевите артерии најчесто се јавува поради хронично труење со никотин, овој чај се препорачува и за пушачи.

За подготовка на чајот потребни ви се 4 до 5 ореви. Оставете ги во вода околу 4 часа.

По стоењето во водата, мембраните се спремни за подготовка на чајот.

Истурете вода во тенџере и оставете да зоврие. Кога водата ќе зоврие додадете ги мембраните и варете ги на тивок оган 10 минути. После тоа, чајот е подготвен за консумирање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma