СИТЕ ГО ИМАМЕ OВА ВО ДОМОТ Спасете се од МРАВКИТЕ и КОМАРЦИТЕ со овој трик

popara26 јуни, 20231min00
36095_profimedia-06965212671_f

НАМЕСТО разни хемиски агенси, пробајте го овој стар рецепт за борба против мравките.

Се што ви треба е стар исушен талог од кафе, кој е одличен и во борбата против комарците.

  1. Соберете го талогот од кафе и ставете го на алуминиумска фолија што сте ја ставиле во чинија. Ставете го на ладно и суво место и почекајте додека не се исуши целосно.
  2. Ставете ја фолијата со сувиот талог од кафе на рамна површина на отворено, како на пример маса. Погрижете се животните или децата да немаат пристап до областа.
  3. Запалете го талогот со кибрит додека не почне да чади.
  4. Полека ќе гори, а чадот што ќе се создаде ќе ги избрка сите комарци.

Уште еден начин е да го обликувате талогот по должина, како барут. Запалете го на едниот крај и лесно ќе изгори. Овој едноставен трик функционира одлично.

Покрај комарците, со талогот од кафе можете да ги избркате и мравките. Посипете мелено кафе или талог од кафе на местата каде што имате проблеми со мравките и проблемот ќе се реши.