Сите зборуваат за успехот на Барби, но едно прашање е неизбежно – ќе има ли продолжение?

popara9 август, 20231min00
2070005

Последните денови сите зборуваат за филмот „Барби“. Ова име можете да го слушнете на фризер, сурфајќи на Интернет, но и во локалното кафуле, а успехот на режисерката Грета Гервиг би можел да биде крунисан со бројни номинации за најпрестижните филмски награди. Публиката е целосно занесена во филмот, а сè укажува дека е можно да почне да размислува за уште едно продолжение.

„Гледањето на светот низ розови очила“ е бегство во кое понекогаш сите наоѓаме засолниште, а филмот „Барби“ е токму тоа. Преку омилената кукла на Mattel, режисерката Грета Гервиг раскажа важна приказна за светот како што им се сервира на жените и како тој свет е во контраст со она што навистина им е потребно, а многумина веруваат дека на овој начин е испратена многу важна порака која секој треба да ја усвои.

Како што веќе сите знаат, главната улога ја толкува Маргот Роби, која е носител на силната порака „girl power“.

Грета Гервиг завиткала сè во розова обвивка со голема машна и признала дека е многу задоволна од нејзиното последно дело: „Постои тон, хумор и радост, и очигледно светот е толку убав. Сакам да се вратам во земјата на Барби!’

Со последната реченица таа навести дека овој успешен филм може да добие продолжение, што не би било чудно со оглед на успехот што филмот го постигнал.

„Мислам дека паѓате во стапица ако се обидете да го промовирате првиот филм додека тие исто така планираат продолженија“, коментираше Маргот Роби во јуни. Сепак, таа призна дека филмот завршил на начин што можниот понатамошен заплет може да се развие во милион различни насоки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag