Една од најубавите жени на светот е фотографирана без шминка и еве доказ како изгледа во живо
Познатата бразилска манекенка Адријана Лима присуствуваше на вчерашното финале на Светското првенство во женски фудбал во Сиднеј. Таа минатата година стана првата глобална фан амбасадорка на ФИФА, па сега оди на спортски настани уште почесто од порано. Таа се сретна со папараците на аеродромот каде што беше со нејзиниот вереник Андре Лемер, со кој речиси секогаш се појавува во јавноста. Една од најубавите жени на светот е фотографирана без шминка и еве доказ како изгледа во живо, на најкратко растојание од фотографот.
Адријана Лима и Андре Лемер го добија синот Сајан на 29-ти август минатата година. Се ближи првиот роденден на момчето, кој славната мама сигурно на посебен начин ќе го прослави и потоа јавно ќе ги открие деталите од таа прослава – барем така беше со роденденските прослави на ќерките Сијена и Валентина кои ги доби со поранешниот сопруг Марко Јариќ.
Лима по третата бременост се здебели значителен број килограми. Нејзиниот изглед најмногу се промени во споредба со тоа како изгледаше по првото, односно второто породување. За жал, поради тоа беше мета на критики, а некои коментираа дека „лицето и е премногу ботоксирано и дека тоа особено се забележува поради скокот во килажата“.
Таа на Инстаграм порача дека со гордост ги прифаќа промените кои и ги донела бременоста, но и дека има желба да се врати во поранешната форма, без притисок.
Таа во меѓувреме сними кампања за брендот „Викторија сикрет“ и повеќе од видливо е дека нејзиниот начин на тренирање и исхрана дава резултати. Дали направила уште нешто по тој повод засега не е познато. А како изгледа Лима без шминка? Со еден збор, убава, а убавината отсекогаш била синоним за нејзиното име.