Доколку некој умее да го носи секое парче гардероба, тогаш со сигурност тоа е Бијонсе, на која сѐ прекрасно ѝ стои, а во ова издание повторно успеала да го привлече сето внимание кон себе.
Славната пејачка Бијонсе на премиерата на филмот за Тејлор Свифт во Лос Анџелес се појавила за да ја поддржи својата колешка на овој важен настан.
Иако Тејлор се појавила во бајковито издание и пленела со својот изглед во синиот фустан во кој изгледала како принцеза, Бијонсе прошетала во модна комбинација во каква што само таа умее и ги оставиле сите присутни без зборови.
За оваа прилика прекрасната Бијонсе избрала да носи тесен комбинезон со долги ракави со што ја покажала нејзината неверојатна линија на тело, а металните детали на нејзините гради биле навистина интересни.
Нема сомнеж дека овој футуристички комбинезон е изработен по нејзина мера, па Бијонсе уште еднаш покажала зошто ја нарекуваат кралица на поп-сцената и една и единствена.