Сите предности на МАСЛОТО во нега на кожата: Покрај основните бенефити, може да ја намали и видливоста на лузните и стриите

popara20 јануари, 20231min00
d422ec7218d162593198c9414c61ac0f4a7c2b75

Додека во текот на зимата посветуваме посебно внимание на негата на кожата на лицето, користејќи повеќе хидратантни креми, кожата на телото често се занемарува. Ова дополнително доведува до сушење, пукање, иритација и чешање, кои се предизвикани од зимските временски услови (студ, ветер). За да ја одржувате кожата на телото здрава и убава дури и во зима, посегнете по масло. А еве и зошто.

Еластичност

Очигледно е дека маслата ја негуваат нашата кожа. Но, овие препарати помагаат и во лечење на иритации, стрии, целулит, како и ослабена еластичност на кожата. Маслата се полни со комплексни липиди кои ја подобруваат еластичноста на кожата, како и самата регенерација на клетките. Тие исто така ги намалуваат иритациите.

Циркулација

Со масажа на кожата се подобрува протокот на крв и затоа клетките на целото тело ги добиваат потребните хранливи материи. Маслата ни нудат совршен начин да го опуштиме нашето тело и ум и да го подобриме нашето здравје. Подобрата циркулација им помага на клетките да го исфрлаат отпадот, а исто така е совршен начин за детоксикација на кожата.

Хидратација

Маслата имаат тенденција да ја „заклучуваат“ водата и се ефикасни за хидратација на кожата. Маслото продира во секоја клетка на кожата, хранејќи ја длабоко. Совет е маслото да се користи веднаш по туширањето, на влажна кожа, за подобро да ја задржува водата. По нанесувањето со крпа, тапкајте ја кожата на телото за да се собере вишокот вода и масло.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma