Легендарниот фудбалер Дејвид Бекам доби необичен подарок за Божиќ од сопругата Викторија. Имено, таа му подарила кокошарник и кокошки.
И покрај неговата слава и богатство, Бекам ја цени едноставноста на животот во природата, а овогодинешниот божиќен подарок го следи тоа.
Колку Бекам бил среќен со овој подарок може да се види од видеото кое Викторија го сподели на Инстаграм. На видеото се гледа како поранешниот фудбалер со насмевка ги храни животните.
„Што да му се даде на Дејвид за Божиќ?“, напиша Викторија во описот на видеото.
Фудбалерот неодамна и го доближи на јавноста својот едноставен пристап кон животот во документарен серијал на Нетфликс. Во документарецот сите можеа да ја видат страста на Дејвид кон пчеларството, а сега освен кошници, пчели и мед, тој ќе има и ново занимање во кое сигурно ќе ужива.
View this post on Instagram