Ситуацијата е комплицирана: Дали ова ќе биде највалканиот холивудски развод годинава?

popara22 септември, 20231min00
Џо Џонас и Софи Тарнер

Како што сугерираше првичниот наратив околу нивниот развод, Џо Џонас и Софи Тарнер влегуваат во сериозна битка за старателство над нивните деца.Откако на почетокот на септември беше откриено дека музичарот Џо Џонас поднел барање за развод од неговата сопруга,актерката Софи Тарнер,јасно беше дека тоа нема да биде една од тие пријателски разделби.Имено, тој навести дека ја обвинува за разводот,а зачестените медиумски написи одеа во насока на прозивка на актерката за лошо мајчинство.На нејзините фанови веднаш им беше јасно во која насока одат работите.Сепак,Софи Тарнер не остана должна,па пред неколку дена поднесе тужба во која бара нејзините деца – тригодишната Вила и 14-месечната ќерка чие име се уште не се открива – да се вратат во Англија.

Во барањето тој бара „децата кои се незаконски задржани веднаш да се вратат на нивната мајка“, а бил употребен и зборот киднапирање.Нејзините адвокати тврдат дека „незаконскиот притвор“ на децата почнал на 20 септември.Тарнер тврди дека таа и музичарот околу Божиќ минатата година се договориле Англија да биде нивниот дом,подготвувајќи се за годината што претстои. Поради ова,тие го ставија својот дом во Мајами на продажба и беа во процес на купување куќа во Англија која стана нивен дом уште во април оваа година.Причина за преселбата во родната земја било и снимањето на мини-серија на која работела цело лето,но одлуката наводно била трајна,а не привремена.

Откако Џо Џонас отишол на турнеја со своите браќа,двојката се договорила нивните ќерки да му се придружат на турнејата бидејќи тој има  повеќе време во денот да помине со нив отколку таа во шоуто.Тарнер сега признава дека и тогаш не била сигурна за привремениот договор. Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“ сега откри дека раскинувањето на бракот било многу брзо и дека тоа следело по расправијата што ја имале на 15 август. Џо Џонас на 5 септември поднесе барање за развод,а актерката тврди дека за се дознала преку медиумите.

Тие разговараа за прашањето за старателството две недели подоцна,каде Тарнер повторно го повлече прашањето за враќање на нивните девојки во Англија,како што беше планирано,но Џо Џонас повеќе не се согласува со тоа.Според документите до кои дошол “People”,тој не сака да им ги предаде пасошите на своите ќерки и на тој начин ја спречува Софи да ги земе со себе.

„Таткото ги има пасошите на нивните деца,кои одбива да и ги врати на мајката и одбива да ги испрати децата во Англија со мајката“, наведуваат адвокатите на актерката,а потврдија и неговите адвокати.

“Џо и Софи имаа состанок минатата недела во Њујорк за да се договорат за старателството.Софи пристигна да помине време со децата и ќерките се со неа од тој состанок. Џо имаше впечаток дека на тој состанок се договориле дека ќе направат напори да се постигне поволен договор за старателство за двете страни.

„Неговата желба е Софи да размисли за нејзиниот груб,правен напад и да се придвижи кон поконструктивни и приватни разговори. Неговата единствена грижа е благосостојбата на нивните деца“, се вели во соопштението.

Џо Џонас и Софи Тарнер се венчаа во 2019 година, по речиси три години врска, а разводот го потврдија на своите друштвени мрежи со куса изјава дека решиле да се разделат по четири години брак, а одлуката била заедничка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma