Шакира и Луис Хамилтон продолжија да ги поттикнуваат гласините за романса додека уживаа на крстарење по брегот на Мајами, а состанокот предизвика се погласни гласини за нивната врска.
Таа до неодамна беше во стабилна љубовна врска, но кога дозна за измамата се се промени. Сингл животот и се допаднал на Шакира, па сега ужива во врската и вниманието, што не и недостига. Откако беа фотографирани во Барселона како го слават второто место на Хамилтон на Шпанското ГП, тие повторно се дружеа во Мајами.
Господинот Хамилтон пристигнал да ја земе Шакира на глисер од 230.000 долари пред нејзината куќа на брегот, а тој и подаде рака за помош додека се качуваше.
Shakira and Lewis Hamilton having dinner with friends in Barcelona. pic.twitter.com/Xqo6kSPErS
— Pop Base (@PopBase) June 5, 2023
Сепак, наводните љубовници не биле сами бидејќи ги придружувал 33-годишниот американски мечувалец Мајлс Чамли Вотсон, еден од најблиските пријатели на Хамилтон.
Искрите меѓу Хамилтон и Шакира можеше да ги потврди со неговата неодамнешна изјава кога се пошегува дека бара ’латино девојка’.
Шакира на трките во Формула 1 пристигна во друштво на Том Круз, кој на пејачката и испрати рози и се обиде да ја придобие нејзината наклонетост, но таа не покажа интерес за романтична врска.