Си замина Шинејд О’Конор, ирската пејачка со божествен глас која животот не ја разгалуваше

popara27 јули, 20231min00
o_29885989_1280

Ирската музичарка Шинејд О’Конор, една од најголемите ѕвезди на деведесеттите, почина на 56-годишна возраст. Таа се прослави со хитот „Nothing Compares 2 U“, а не остави година и пол по најголемата лична трагедија, загубата на нејзиниот 17-годишен син Шејн, кој почина во јануари 2022 година. Шинејд, која го промени нејзиното име во Шухада Садакат во 2018 година, оттогаш наводно го поминувала своето време во Ко Роскомон, Ирска и Лондон и објавила фотографија на која е со својот покоен син пред нејзината смрт.

Шејн го доби од брак со ирскиот фолк пејач Донал Луни, а неговото тело беше пронајдено два дена откако неговото семејство го пријавило за исчезнат. Проблемите со нејзиниот син ја мачеа долго време, па на почетокот на 2021 година, Шинејд О’Конор ги замоли своите обожаватели да се молат за Шејн, откако таа во криптична порака на Твитер откри дека имала „ужасен ден од пеколот“.

https://www.billboard.com/wp-content/uploads/2023/07/sinead-oconnor-2012-1-billboard-1548.jpg?w=942&h=623&crop=1

Таа ја заврши објавата со апел „Сите дополнителни молитви кои ги имате, ве молам посветете му една на мојот син Шејн. Тој е светлината на мојот живот!“, а неколку фанови одговорија дека мислат на нејзиниот син и испратија зборови на поддршка.

Шинејд се женеше четири пати и има четири деца – најстариот Џејк има 34 години, ќерката Роисин има 26 години, додека Јешуа Френсис Нил Бонадио има 16 години. По славата што ја стекна на почетокот на 1990-тите, нејзината кариера тргна надолу, а проблемите почнаа да се натрупуваат во приватниот живот. Имено, пејачката со години се борела со биполарно растројство и депресија, ги игнорирала советите на лекарите, ги откажувала турнеите, а поради сето тоа на крајот била хоспитализирана откако неколку пати најавила дека ќе си го одземе животот.

Пред неколку години таа објави дека преминала во ислам, а пред три години ги растажи своите обожаватели со веста дека на извесно време се повлекува од светот на музиката.