Шерон Стоун вели дека го изгубила старателството над своето дете поради голотија во „Сурови страсти“.
Актерката во подкастот „ Table for Two“ со Брус Бози изјави дека култниот трилер ја направил позната, но и ја уништил бидејќи го изгубила старателството над нејзиниот син Роан повеќе од 10 години по објавувањето на филмот.
-Го изгубив старателството над моето дете. Судијата го праша моето дете, моето малечко, малечко момче: „Дали знаеш дека мајка ти снима филмови за секс?“. Тоа беше злоупотреба од системот и испрашување каква мајка сум поради улогата во филмот – изјави актерката.