Популарната раперка Карди Би била снимена како фрла (и удира) девојка во публиката на нејзиниот концерт во Лас Вегас, откако таа фрлила (и удрила) со пиво по неа, пишува Дејли Мејл.
Карди (30) е снимена од неколку агли како го фрла микрофонот, а снимката набрзо се проширила низ Твитер.
Cardi B throws microphone at audience member who threw a drink at her. pic.twitter.com/alLgHMFshb
— Pop Base (@PopBase) July 30, 2023
Ова не е прв пат Карди да одлучи да го користи микрофонот за нешто друго освен за пеење: вечерта пред овој настап, таа се вознемири во клуб кога диџејот прекина една од нејзините песни, а потоа го фрли микрофонот кон диџејот.
На видеото од Лас Вегас се гледа Карди како додека го пее својот хит од 2018 година, Bodak Yellow, прво реагира со неверување кога ќе ѝ истурат пиво, а потоа брзо се собира и прецизно гаѓа кон девојката што го истурила.
another angle , she hit her spot on 😭 pic.twitter.com/caLckHTbIQ
— ٍ (@crdisdior) July 30, 2023
Многумина забележаа дека иако Карди го испуштила микрофонот, таа „продолжила да пее“ (читај: откриен е нејзиниот плејбек).
Потоа интервенирале лица од обезбедувањето.
Обожавателите на Карди Б, наводно, чекале речиси два часа, на температури од 45 степени, Карди Б да се појави на сцената, па многумина од нив биле разбирливо нервозни.