Повеќето познати личности имаат милиони следбеници на социјалните мрежи и често споделуваат работи од приватниот живот со своите фанови, но Скарлет Јохансон не е една од нив.
Актерката Скарлет Јохансон гостуваше во подкастот „The Skinny Confidential Him & Her“ и по тој повод раскажа зошто нема профил на социјалните мрежи.
– Не можам. Моето его и мозок се премногу кревки. Јас сум како нежен цвет – рекла актерката, па кажала дека и онака е вознемирена без користење на социјалните мрежи, но еднаш, по сопствена волја, накратко имала профил на Инстаграм.
– Имав Инстаграм три дена, а потоа сфатив дека потрошив околу 20 минути гледајќи во нечиј профил. Дознав дека оваа личност има пит бул и две ќерки и живее во Бурбенк. Си помислив: „Што? Само потрошив 17 минути од моето време. Сега чувствувам дека треба да се преселам во Калифорнија, да го добијам истото куче и да го променам животот на сите овие начини – се присети Скарлет.
Јохансон смета дека социјалните мрежи лошо влијаат на неа, бидејќи се чувствува како да сака да живее туѓ живот, а не свој. Од горенаведената причина, вели таа, таа го избришаа Инстаграм, но понекогаш го користи TikTok како платформа за промовирање на нејзиниот бренд „The Outset“, кој го основа со Кејт Фостер.
Да потсетиме дека Скарлет неодамна призна и дека на почетокот на кариерата се чувствувала „хиперсексуализирана“ и „категоризирана“. Таа еднаш изјави дека луѓето од филмската индустрија ја сметале за постара, што довело до тоа да не ги добие улогите што ги сакала.