Скроен да го истакне најдоброто и да ги скрие недостатоците:Џеј Ло има фустан кој ви ја враќа довербата и насмевката на вашето лице

popara3 октомври, 20234min00
Џенифер Лопез

Комбинација од елеганција,префинетост и удобност – совршена за сите прилики.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез се појави на овогодинешните награди за убавина во Лос Анџелес и за таа прилика донесе фустан кој е совршен избор за речиси секоја пригода.

И покрај тоа што во Америка е крај на летото,сепак е сончево и многу топло,па овој нејзин летен стајлинг има смисла.За оваа посебна пригода, Џеј Ло носеше прекрасен фустан од луксузниот дизајнер Бах Маи Ресорт.

Белиот фустан беше покриен со голем број црвени и циклама цветови.Цветниот принт со години е апсолутен хит секое лето,а славните дами изгледа тешко се откажуваат од него.

Својот аутфит го комплетираше со пар сандали на високи потпетици со соодветни розови детали.Џенифер ја фати косата во  елегантна пунџа,која одлично го комплетираше нејзиниот изглед.

Иако овој пат не се појави на црвениот тепих,Џенифер сепак излезе на сцената за да и ја додели на фитнес претприемачот и тренер Трејси Андерсон награда за извонредни достигнувања во фитнесот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Таа подоцна го сподели својот неверојатен изглед на социјалните мрежи и му честиташе на фитнес гуруто,пишувајќи:

– Честитки Трејси.

Џенифер Лопез и покрај тоа што е во 6-та деценија од животот,изгледа одлично,а за медиумите во неколку наврати изјави дека тајната за витката линија и затегната и здрава кожа е во изборот на храна,исхрана и начин на живот.Таа редовно вежба и се труди да јаде квалитетна и здрава храна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma