
Нема сомнеж дека кафето е, покрај чајот, омилениот утрински пијалок. Некои луѓе не можат да замислат да се разбудат освен ако не испијат добра, силна шолја црно кафе.
Тоа ви го подига нивото на енергија и ве подготвува за претстојниот ден. Покрај тоа, го забрзува метаболизмот, а кога се консумира умерено, го штити срцето. А дали знаевте дека со еден додаток може да ви помогне и да ослабете?
Само со додавање на неколку вообичаени состојки, вашето утринско кафе можете да го претворите во согорувач на маснотии. Ќе можете да изгубите килограми без прибегнување кон драстични диети и менување на исхраната.
Состојки:
половина лажичка мед
50 грама кокосово масло
1 лажичка цимет
(по желба) какао во прав
Подготовка:
Сите состојки добро измешајте ги и чувајте ги во стаклена тегла во фрижидер. Наутро, кога подготвувате кафе, додадете една до две лажички од оваа смеса, добро измешајте и испијте.

Зошто оваа комбинација е толку добра?
Циметот е антиинфламаторно средство кое ги намалува воспалителните процеси во организмот. Полн е со антиоксиданси, го намалува нивото на шеќер во крвта и го поддржува разградувањето на шеќерот, кој се претвора во енергија.
Кокосовото масло е уште еден подарок на природата кој обезбедува листа на здравствени придобивки. Главно се состои од масни киселини со среден ланец, кои дигестивниот систем веднаш ги испраќа до црниот дроб. Доколку не се претворат во енергија, тие се трансформираат во кетонски тела, што значи дека не се складираат како масти.
Можеби медот е полн со шеќер, но ова е природен шеќер од кој телото зависи за енергија. Богат е со минерали како натриум, железо, цинк, калциум, калиум и фосфор. Се покажа дека е корисен за регулирање на нивото на холестерол во крвта и намалување на стресот.