Славната пејачка на забава дошла со нејзиниот сопруг, а сака да сокрие дека веќе 6 месеци НЕ ЖИВЕАТ ЗАЕДНО

popara1 јули, 20231min00
o_29610313_1280

Британската пејачка Ели Гулдинг дошла на познатата летна забава „Serpentine“, забава посветена на уметноста, без да носи бурма на раката, иако таму пристигнала во друштво на сопругот Каспар Џоплинг, трговец со уметнички дела. Подоцна, се чини дека продолжила да се забавува на друго место со пријателите, а сето тоа се случи неколку дена откако беше објавено дека времето го поминуваат разделени, бидејќи проблемите се насобрале во нивниот четиригодишен брак.

Пејачката носеше драматичен кожен ансамбл на забавата и, како што забележува Дејли Меил, вложи максимални напори некако да ја скрие левата рака од камерите, но беше јасно дека не го носеше прстенот од 70.000 фунти што Каспар и го подари во 2018 година. Како и да е, по забавата, секој тргна по својот пат, а во друштвото на Каспар беше и Тифани Заблудович, колекционерка на уметнички дела, ќерка на британско-финско-израелскиот милијардер Поју Заблудович.

image

Каспар и Ели, позната по хитовите како „Love Me Like You Do“ и „Lights“, го имаат синот Артур, кој е роден во 2021 година. Тие почнаа да се забавуваат во 2017 година и се венчаа две години подоцна на романтична церемонија во катедралата Јорк. Упатените тврдат дека изворот на проблемот лежи во пренатрупаните деловни распореди на брачната двојка и дека тие се уште се блиски и сакаат заедно да го одгледуваат својот син. „Не се зборува за развод и ниту еден од нив не е во нова врска – приоритет им е да останат пријателски расположени додека ги избираат своите следни чекори“, рекол изворот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma