Готвачот Џејми Оливер призна дека успеал да ја врати тежината во нормала и откри како.
– Прво морав да го намалам месото. Не држев строга диета, само месото го заменив со големи порции зеленчук. Тоа дава извонреден ефект, не сте гладни, доволно сте изеле, но не внесувате храна што е проблематична – изјави тој за британските медиуми.
– Така ги хранам и децата, а порциите од другата храна ги преполовувам. Јадев и многу јаткасти плодови кои се одлични за срцето – рекол Џејми.
Признал и дека повремено пиел, а сите знаат дека алкохолот има огромна калориска вредност.
– Сега се ограничив на неколку пијачки за време на викендите, но веќе не пијам во работните денови. „Навистина се трудам да бидам повнимателен што внесувам во себе“, вели тој.
Џејми рекол и дека најмногу јаде за појадок, а се погрижил да спие доволно и да вежба.