Славниот музичар призна: „Имав булимија, сакав да изгледам како Бибер и Шон Мендес“

popara24 март, 20231min00
o_23594911_1280

Британскиот музичар Ед Ширан се отвори за својата борба со вишокот килограми во големото интервју за списанието Ролинг Стоун, откривајќи како развил пореметување во исхраната затоа што се споредувал себеси со други машки ѕвезди. Тој раскажа како честопати се прејадувал, а потоа повраќал и како многу се оптоварувал со својот изглед.

„Јас сум доста свесен за себе, но влегов во индустрија каде што ме споредуваат со другите. Тоа беше за време на „бранот“ на One Direction и се запрашав: „Зошто немам стомачни? Затоа што сакам колбаси и пиво. Тогаш правев песни со Џастин Бибер и Шон Мендес. Сите тие момци имаат фантастични тела и се прашував зошто сум толку дебел“, рече Ширан, додавајќи дека работите се промениле откако тој и сопругата Чери Сиборн имале ќерка Лира и син на Јупитер.

image

“Имам проблем со исхраната, многу сум неумерен. Но, сега сум неумерен во вежбањето и татковството. И работата, очигледно”, се пошегува Ед. Тој ја спореди својата борба со онаа на колегата Елтон Џон, кој откри дека има булимија. Читајќи ја неговата автобиографија, Ширан нашол многу сличности.

„Елтон одел „само на сладолед“, а потоа јадел четири десерти и повраќал. Така правев и јас. Некако не ги правам работите до пола, па ако пијам, нема смисла да биде само една чаша вино. Попрво би испил две шишиња“, беше искрен музичарот. Тој првпат проговори за ова во 2020 година, кога откри дека често претерувал со алкохол и нездрава храна. Сепак, благодарение на сопругата Чери, тој успеал да го промени начинот на живот и почнал да носи здрави одлуки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma