Две шолји бадеми, малку млеко, мед и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да го направите овој одличен сладолед.
Кога сакате да се освежите, добро ќе ви дојде овој сладолед:
Состојки:
две чаши бланширани бадеми
две чаши бадемово млеко
половина чаша мед
чаша слатка павлака
лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Прелијте ги бланшираните бадеми со вода, оставете преку ноќ, а потоа исцедете ги и ставете ги во блендер. Добро измешајте и префрлете го во пластичен сад. Додадете ги бадемовото млеко, слатката павлака и медот и мешајте додека не се добие еднолична, погуста смеса. Ставете во замрзнувач да се излади и да се стегне.
Уживајте!