Неколку банани, путер од кикирики, бадемово млеко и уште неколку состојки ќе бидат доволни за овој одличен сладолед.
Доколку сте љубител на банани и кикирики, нема сомнеж дека особено ќе ви се допадне овој сладолед:
СОСТОЈКИ:
три големи зрели банани
половина чаша путер од кикирики
половина шолја бадемово млеко
лажица мед
лажичка екстракт од ванила
малку морска сол
ПОДГОТОВКА:
Излупете ги бананите, исечете ги на парчиња и ставете ги во блендер. Додадете омекнат путер од кикирики, бадемово млеко, мед, екстракт од ванила и малку морска сол. Мешајте додека не добиете еднолична смеса без грутки, па истурете во калапи за сладолед на стапче. Ставете во замрзнувач да се излади и стегне, па послужете.