Сладолед од лубеница: Летен десерт за врвно уживање

popara19 јули, 20231min00
583901_sladoled_m

Сладоледот од лубеница е освежителен и во исто време здрава замена кога сте очајни по нешто слатко. Во овој едноставен рецепт може да уживате цело лето.

Состојки:

700 гр лубеница, исчистена

лимон или лимета

250 мл грчки јогурт

една лажица мед

половина лажичка екстракт од ванила

рендано чоколадо по желба

Подготовка:

Лубеницата исчистете ја од семките, исечете ја на помали коцки, па распоредете ја на тава обложена со хартија. Ставете ја во замрзнувач најмалку три часа. После тоа време, извадете ја лубеницата и замрзнатите коцки ставете ги во блендер. Блендирајте додека не добиете глатка смеса. Потоа додадете го сокот од лимон или лимета, медот и јогуртот, па блендирајте уште малку. На крај додадете малку екстракт од ванила. Добиената смеса префрлете ја во поголем сад и вратете ја во замрзнувач два до три часа. Извадете ги топчињата сладолед и по желба посипете ги со малку рендано темно чоколадо.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag