Слики кои го шокираа светот: Ова не е бездомник, туку човек кој има стотици милиони долари

popara14 август, 20231min00
keanue-reeves-1-830x0

Актерот Кијану Ривс повторно успеа да ја изненади јавноста со своето опуштено модно издание.

Кијану седеше пред клубот во пресрет на концертот со својот бенд Dogstar, со кој моментално е на турнеја, а со оглед на тоа дека пуштил брада и носел облека која на никаков начин не остава впечаток дека е светски познат актер, со милиони на неговата сметка, многумина помислиле дека е бездомник.

Фотографиите со голема брзина го обиколија светот, а неговата голема армија обожаватели веднаш застана во одбрана на актерот, велејќи дека скромноста е негова најголема доблест, а тоа е неговиот начин на живот.

Познато е дека актерот не се грижи за парите, брендираната облека и скапите автомобили, а не е невообичаено многумина да го фатат како всушност седи покрај бездомници со кои јаде и пие и прави муабет.

Инаку, актерот донирал дури 70% од својот хонорар од првиот филм „Матрикс“ за финансирање на истражување за леукемија, откако неговата сестра Ким 10 години се борела со оваа злобна болест.

Исто така, познатиот актер оттогаш започна добротворна организација за да им помогне на оние кои се борат со ракот.

– Имам приватна фондација која постои пет-шест години и помага на неколку детски болници и истражување на ракот. Не сакам да го прикачувам моето име, само ѝ дозволувам на фондацијата да го прави тоа што го прави и да им помогне на оние на кои им е потребно – изјави тој за Ladies Home Journal.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag