Слушате музика додека се туширате? Откако ќе го прочитате ова, ќе го исклучите звучникот!

popara23 јули, 20231min00
o_29801395_1280

Воспоставените навики за туширање можат да ги саботираат моментите во кои можеме да ја изразиме нашата креативност. Навиките вклучуваат слушање музика или подкаст додека се туширате. Водечкиот научник за среќа и авторка на бестселери на Њујорк Тајмс, Гретчен Рубин, советува да се елиминира секакво одвлекување или ментална стимулација при туширање.

Времето на досада е време на креативност. Тогаш нашиот мозок е отворен за нови идеи. Доколку не си го дозволиме тоа и постојано сме под стимулација на медиумскиот свет, тешко дека ќе може да дојдеме до нови идеи. Истражувањата ја потврдуваат оваа теза. Во една студија, истражувачите им наложија на учесниците да копираат телефонски броеви од именик 15 минути за да си предизвикаат досада. После тоа, од нив беше побарано да смислат различни намени за чаши. Оваа задача им даде можност да ја покажат својата креативност.

Креативни луѓе

Резултатите од студијата потврдија дека групата на оние на кои им било здодевно додека извршувале рутинска задача дошле до значително покреативни идеи од групата на кои не им било досадно. Сонувањата за време на пасивна, здодевна задача на крајот доведоа до поголема креативност.

Затоа, оставете го вашиот ум да талка и да тапка во вашата потсвест барем неколку минути дневно, без разлика дали сте излезени на прошетка, во музеј или, да, под туш.

Затоа, ако се надевате дека ќе предизвикате нови, оригинални мисли, обидете се да избегнете каква било ментална стимулација додека сте под туш. Овој застој е време кога мозокот си создава сопствена забава.

Време на релаксација

Паузата не мора секогаш да биде продуктивно време. Ако слушањето музика или подкасти ви помага да се опуштите, почестете се и себеси со овие моменти. На некои луѓе им се вртат премногу мисли низ главата, а слушањето на туѓите мисли може да им помогне да се релаксираат по долг, напорен ден. Доколку спаѓате во оваа група, не двоумете се да ставите слушалки во ушите или да пуштите гласна музика.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma